Дома Трансфер зона Рашфорд бара разговор со Тен Хаг, сака да си оди

Рашфорд бара разговор со Тен Хаг, сака да си оди

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.

Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.

Доколку не стави потпис на нов договор, тоа ќе биде последна шанса Манчестер Јунајтед да го продаде. Клубот во неколку наврати испрати понуда за продолжување на договорот, но се уште нема одговор.

Рашфорд сака да разговара со новиот тренер Тен Хаг и да му биде ветено место во стартниот состав за да може да биде во конкуренција за настап на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…