Дома Фудбал Рафиња: Знаев дека Барселона сакаше да ме продаде

Рафиња: Знаев дека Барселона сакаше да ме продаде

Бразилецот Рафиња блеска оваа сезона во дресот на Барселона и после доаѓањето на Флик е еден од најдобрите поединци на тимот.

Барселона во неколку наврати се обиде да го продаде и да се ослободи од него, бидејќи во изминатите две сезони Рафиња играше под сите очекувања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Знаев дека клубот сака да ме продаде. Посебно во првите шест месеци, пред Светското првенство. Исто така почувствував и во други преодни рокови. Секогаш велеа на еден или на друг начин дека не сум доволно добар, дека треба да ме продадат“, вели Рафиња.

Рафиња вели дека под водство на Чави знаел дека нема да ги одигра натпреварите до крај.

„Со Чави, знаев дека што и да направам, ќе бев изваден од игра во 60-та минута. Ова не е критика за него, но е интересно бидејќи секогаш се случуваше“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн се подготвува за враќањето во Англија, ќе живее во спектакуларна вила од 23 милиони евра! (Фото)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Хари Кејн, се подготвува за враќањето во Англ…