Дома Топ вести Раул Гонзалес јасен, еве кого сака да го види во Реал!

Раул Гонзалес јасен, еве кого сака да го види во Реал!

raul

Според случувањата на трансфер пазарот желбата на Раул Гонзалес можеби и ќе му биде исполнета.

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес при интервјуто кое го даде за „Скај“ запрашан беше кој напаѓач би сакал да го види на „Бернабеу’.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хари Кејн“, одговори Раул и продолжи:

„Тој е вистински центарфор, постигнува гол на скоро секој натпревар. Го почитувам и ми се допаѓа неговиот начин на игра. Во овој момент сигурно е еден од најдобрите во светот. Секако дека би сакал да го видам во дресот на Реал“, изјави поранешниот напаѓач на „кралевите“.

Кејн во медиумите веќе долго време се поврзува со Реал. Покрај тоа светските медиуми не пропуштаат прилика да го истакнат добриот однос помеѓу двата клуба. Од Тотенхем во Реал во последните години пристигнаа Лука Модриќ и Герет Бејл.

Даниел Леви е познат како тврд преговарач и кој ги продава играчите само за огромни суми, поради тоа се шпекулира дека Реал со доведувањето на Кејн би можел да го сруши светскиот рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…