Времениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник немаше коментар на шпекулациите кои го поврзуваат Маурисио Покетино со клупата на „Олд Трафорд“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Француските медиуми утрово објавија дека Покетино на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед го сакаше Аргентинецот уште во декември, па Покетино е најсериозен кандидат да биде новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ од следната сезона.




„Немам идеја што би можел да каѓам на таа тема. Мојот фокус во моментов е да ги тренирам овие играчи. Ни претстојат натпревари во три различни купови. Не можам да знам што ќе се случи по крајот на сезоната, концентриран сум на следните натпревари. Ќе се обидеме да бидеме успешни во наредните седмици и месеци“, изјави Рангник.