Дома Трансфер зона Рамос се огласи: Лага е дека платата ми е 15 милиони евра и не сум добил никаква понуда!

Рамос се огласи: Лага е дека платата ми е 15 милиони евра и не сум добил никаква понуда!

Капитенот на Реал Мадрид наредното лето ќе остане без договор со шпанскиот шампион и во медиумите многу се пишува дека договорот на капитенот на „кралевите“ нема да биде продолжен.

Клубот се уште не му понуди нов договор и барем како што сега стојат работите постои можност 34 годишниот дефанзивец да не биде член на Реал во наредната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За првпат Рамос во изјава за „Ел Партиџано де Копа“ зборуваше на оваа тема.

„Лага е дека платата ми е 15 милиони евра и лага е дека сум добил понуда уште од март“, изјави Рамос.

Овој случај секако ќе биде интересно да се следи до крајот на сезоната па ќе видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Mилан пронајде напаѓач и спремен е да го сруши клупскиот рекорд?

Како што стојат работите, екипата на Милан го пронајде напаѓачот кој би сакале да го довед…