Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е многу активен на социјалните мрежи, па неговите објави често привлекуваат големо внимание.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Така беше и овој пат откако Рамос утрово објави нова фотографија на Инстаграм. За само еден час таа фотка беше на сите шпански медиуми бидејќи на никого не му е јасно што се случи со тетоважите на дефанзивецот.
Рамос неодамна објави фотка со неговиот грб кој е целосно покриен со тетоважи, а на најновата фотка тој нема ниту една тетоважа.
На фановите не им е јасно дали Рамос со фотошоп ги отстранил тетоважите или тие се трајно остранети.