Дома Фудбал Франција Рамос за мајсторијата на Меси: И во Барса така ги решаваше натпреварите, се радувам што ми е соиграч

Рамос за мајсторијата на Меси: И во Барса така ги решаваше натпреварите, се радувам што ми е соиграч

Долго време Серхио Рамос водеше фудбалска „војна“ на теренот со Меси, а често пати сме гледале и нивни вербални судири во „Ел Класико“, меѓутоа сега заедно се обидуваат да победуваат во ПСЖ.

Вчера, ПСЖ имаше тежок натпревар против Лил во кој на крајот славеше победа со 4:3. Одлучувачки беше голот на Меси од слободен удар во судиското продолжение.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За овој гол на Меси зборуваше и Рамос по натпреварот.

„Вакви работи од Меси повеќе не ме изненадуваат. Во Барселона беше навикнат вака да ги решава натпреварите, како што сега го реши овој за нас.

Се радувам што сега е дел од мојот тим. Многу јасно е дека секако е подобро да го имате Лео на ваша страна. Ние имаме иста цел, а тоа е да победуваме со ПСЖ, нашиот однос е одличен со голема меѓусебна почит“, истакна Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Модриќ го собори рекордот на Реал стар речиси 60 години

Баерн Минхен и Реал Мадрид ремизираа 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шамп…