Дома Фудбал Рамос до Иниеста: Доколку се викаше Андресињо би имал барем две „Златни топки“

Рамос до Иниеста: Доколку се викаше Андресињо би имал барем две „Златни топки“

Капитенот на Реал Мадрид можеби и најдобро ја опиша кариерата „Бледиот витез“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалскиот свет очекува наскоро Андрес Иниеста да ја потврди својата одлука и да се прости од Барселона, но и да ги открие неговите планови за во иднината.

Има повик од Манчестер Сити и Пеп Гвардиола, но сите очекуваат тој да ја прифати понудата од Кина каде што за три години ќе инкасира огромна сума, но и си обезбеди продажба на своето вино на азискиот пазар.

Големиот Иниеста со Барселона освои 31 трофеј и тука нема што да се додаде и ја донесе титулата светски шампион на Шпанија, а единствено во неговата кариера изостануваа индивидуалните признанија

На оваа тема кратко проговори неговиот голем ривал од Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Доколку се викаше Андресињо, сигурно би имал барем две Златни топки““, изјави Рамос и со тоа покажа голем респект кон долгогодишниот противник.

Неодамна Иниеста доби и изивинување од магазинот кој ја доделува „Златната топка“, „Франс Фудбал“ што никогаш не му го доделиле престижното признание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус направил естетска операција, навивачите се шокирани од новиот изглед (Видео)

По завршувањето на Светското фудбалско првенство и поразот на Бразил од Норвешка, Винисиус…