Натпреварот одигран во рамките на азиското ракометно првенство ќе остане запаметен во историјата на офвој спорт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јапонските ракометарки славеа против Палестина со неверојатни 56:1. Ова секако е еден од начудните резултати во овој спорт.
Јапонките 19 пати учествуваа на светските првенства, а од 2004 година само еднаш не застанале на подиумот на азискитеп рвенства и беа фаворитки пред дуелот, но тешко дека некој очеквуаше ваков резултат.
Единствениот гол Палестиан го постигна во 35. минута после еден удар од скоро 11 метри.
Овој резултат сепак не е светски рекорд. Не е дури ниту најубедлива победа на Јапонките кои во 2014 година славеа против Малдиви со 79:0. Рекордот интересно го држат Фарските Острови кои Албанија во 2016 година ја победија со 81:1, но тогаш албанскиот сојуз направи грешка и испрати погрешни ракометарки.