Дома Трансфер зона Ракитиќ со солзи се прости од Севиља и потпиша за Ал Шабаб

Ракитиќ со солзи се прости од Севиља и потпиша за Ал Шабаб

Иван Ракитиќ попладнево имаше емотивно збогување со Севиља и со солзи во очите се прости од клубот од Андалузија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ракитиќ ја напушти Шпанија после 13 години, од јануари 2011 играше за Севиља со која ја освои Лига Европа, а потоа се пресели во Барселона во чиј дрес стигна до пехарот во Лигата на шампионите.

 Во 2020 година се врати во клубот од Андалузија, а денес со созли ја заврши својата втора авантура во него.

Хрватот официјално потпиша договор со Ал Шабаб од Саудиска Арабија кој ќе трае до јуни 2025 година.

„Како може Хрват роден во Швајцарија да каже дека неговиот дом е во Севиља? Можеби заминувам, но ќе се вратам. Нема да се вратам на теренот, веќе сум стар, но сигурно ќе се вратам во некаков капацитет. Ќе продолжам да ги следам натпреварите и да му давам поддршка на тимот. Знам дека сезоната е тешка, но убеден сум дека добро ќе се заврши“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…