Дома Топ вести Раиола веќе работи на трансферот на Погба, контактиран потенцијалниот купувач?!

Раиола веќе работи на трансферот на Погба, контактиран потенцијалниот купувач?!

Како што пренесува англискиот медиум „Sport Illustrated“, контроверзниот менаџер Мино Раиола се обидува да пронајде нов клуб за неговиот клиент Пол Погба.

Oваа вест која прв ја објави „Illustred“, потоа ја пренесуваа и останатите англиски медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се наведува, желбата на Раиола е на Погба да му обезбеди трансфер во Реал Мадрид, клуб кој се обидуваше да го доведе уште кога Французинот премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Но, сега од таборот на „кралевите“ не се заинтересирани за ангажирање на Погба, причина за тоа е големата плата на играчот за врска кој во Јунајтед заработува 300.000 фунти неделно.

Реал секако не би имал проблем да му ги обезбеди овие примања, но смета дека не ја заслужува со очајната форма во која се наоѓа во последно време.

Да потсетиме, Погба во овој момент не ужива голема доверба ниту кај Жозе Мурињо. Португалецот го остави на клупата за резерви во поразот на Јунајтед од 1:0 против Њукасл, како и во вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Севиља.

Погба сепак доби шанса против Севиља бидејќи Андер Ерера се повреди во 17 минутата од средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…