Дома Фудбал Италија Раиола: 11 клубови го сакаат Донарума, тој е Марадона меѓу стативите!

Раиола: 11 клубови го сакаат Донарума, тој е Марадона меѓу стативите!

Иднината на најталентираниот голман во Европа, Џанлуиџи Донарума е тема број еден на Апенините бидејќи сеуште го нема продолжено договорот со Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На Милан му се брза околу продолжувањето на соработката, навивачите се нетрпеливи, но неговиот агент Мино Раиола вели дека сеуште е рано да се донесе конечна одлука.

„Знам дека во Милан се нетрпеливи, но ние не се брзаме и ги одмеруваме сите опции. Џиџио има договор до 2018 година и можно е да остане во Милан, а можно е и да замине. За тоа одлучувам јас, бидејќи јас го донесов во Милан, инаку ќе завршеше во Интер“, вели Раиола.

Донарума е веќе симбол на Милан и знам дека сакаат да го задржат, јас никогаш не реков дека нема да потпише нов договор, но не се пресудни парите. За него постои интерес од 11 клубови и треба добро да размисли, тој е феномен, Марадона меѓу стативите“, додаде менаџерот во интервјуто за „Кориере дело Спорт“.

Весникот ги откри и имињата на клубовите кои се заинтересирани за голманот, а тоа се: Јувентус, Наполи, Ливерпул, ПСЖ, Јунајтед, Сити, Евертон, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид.

Милан достави понуда за продолжување на договорот и плата од 4 милиони евра, притоа истакна дека нема намера да го продава голманот и доколку не потпише нов договор следната година ќе ја помине на трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скршен од болка: Погледнете ја реакцијата на Роналдо откако беше откажано шампионското славје на Ал-Наср (Видео)

Играчите на Ал-Наср вчера вечерта имаа можност со победа над Ал-Хилал да станат шампиони н…