Дома Топ вести Рагник добива буџет од 100 милиони, открини двете најголеми желби!

Рагник добива буџет од 100 милиони, открини двете најголеми желби!

Ралф Рагник е на чекор од превземање на Милан и изгледа дека во наредните денови двете страни ќе стават потпис на договорот.

Рагник и Милан ја договраа соработката уште пред пандемијата на коронавирусот, а германски „Билд“ објави дека германскиот стратег веќе некое време учи италијански и е спремен да го врати Милан во самиот врв на италијанскиот фудбал.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој од Милан побарал договор на пет години, но и големи овластувања. Наводно Рагник сака во клубот да доведе 20-тина свои луѓе и тоа доволно зборува колку сериозно го сфаќа целиот проект.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Германецот ќе добие 100 милиони евра за засилувања ова лето, а веќе се откриени двете примарни трансфер цели.

Најголема желба на Рагник за засилуваење на нападот е Лука Јовиќ, кој е на излезна врата од Реал Мадрид. Преговорите се веќе во напредна фаза, а трансферот би требало да изнесува 35-40 милиони евра.

Втората желва е ѕвездата на Салцбург, Домник Собослај кој важи за еден од најталентираните играчи за врска во Европа и чија цена во моментов изнесува 20 милиони евра.

Рагник сака да ја засили одбраната со еден дегфанзивец и еден десен бек, а најверојатно ќе биде донесен и еден крилен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…