Навивачите на Манчестер Јунајтед пред денешниот натпревар од 16 часот против Норвич на домашен терен најавија протести пред „Олд Трафорд“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фановите на Јунајтед уште еднаш ќе го покажат незадоволството од работата на сопствениците на клубот и семејството Глејзер. Кога во петокот пристигна најавата за бојкот веќе се зголемило присуството на полицијата околу тренигн центарот на „црвените ѓаволи“ каде што појави банер со порака:




„Недостојни за дресот на Манчестер Јунајтед“.




Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ралф Рагник истакна дека навивачите имаат право да си го кажат своето мислење.




„Знаеме сите дека фудбалот е страст и емоција. Мислам дека сите можеме да ги разбереме нашите навивачи кои се разочарани од позицијата на табелата, но и играта која ја прикажавме против Евертон. Верувам дека нашите навивачи, ако не најдобри тогаш сигурно се меѓу најдобрите во Англија. Се додека протестираат на мирен начин и го поддржуваат својот тим мислам дека можат да си го кажат сопственото мислење. Разбирам дека се разочарани“, изјави Рагник.