Дома Фудбал Останато Пјаниќ: Сакав да се вратам во Јувентус и да работам со Алегри

Пјаниќ: Сакав да се вратам во Јувентус и да работам со Алегри

Миралем Пјаниќ од неодамна е нов играч на турскиот гигант Бешикташ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Босанскиот фудбалер одлучи да ја напушти Барселона после само една година во клубот бидејќи со тренерот Роналд Куман повеќе не можеше да соработува.

Во разговор за „Тутоспорт“ Пјаниќ истакна дека постоеле контакти и со Јувентус, но тој е задоволен и од трансферот во Бешикташ.

„Постоеа контакти со Јувентус, но таквите трансфери не се лесни. Сакав да се вратам во Јуве и да работам со Алегри. Близок сум со навивачите и имам  одличен однос со претседателот Ањели. Бешикташ силно ме посакуваше во преодниот рок. Со Куман повеќе не можев. Не сакав да изгубам уште една година. Сакав да играм, а Бешикташ е турски шампион и игра во Лигата на шампионите“, изјави Пјаниќ.

Пјаниќ во Барселона собра само 30 настапи и тоа најголемиот дел од нив влегуваше од клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Холандија остана без селектор, Куман си замина!

Роналд Куман ја поднесе својата оставка како селектор на холандската репрезентација откако…