Дома Фудбал Италија Пјаниќ пред големото дерби: Наполи игра најубаво, но Јувентус е тимот кој секогаш победува

Пјаниќ пред големото дерби: Наполи игра најубаво, но Јувентус е тимот кој секогаш победува

Јувентус вечерва му гостува на Наполи во дербито на Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наполи во натпреварот влегува со четири бодови предност во однос на актуелниот шампион. Фудбалерот од средината на Јувентус, Миралем Пјаниќ е сигурен дека иако Наполи го игра најубавиот фудбал, Јувентус ќе биде тој кој што на крајот ќе се слави

„Ова ќе биде голем предизвик. Го кријат тоа, но јасно е дека играат на Скудето и дека останатото им е помалку важно. Искрено им честитам. Убаво е да се гледа како игра Наполи, но Јувентус на крајот секогаш победува бидејќи е тим кој знае да направи разлика. Наполи, игра најубаво, но на крајот друг се радува. Се надевам дека така ќе биде и овој пат“.

„Играв во Рома која секогаш играше добро, беше во врвот, но на крајот тешко беше да се носиме со Јувентус кој секогаш е пред останатите“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…