Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ ќе игра полуфинале во ЛШ после 25 години и откако потроши 1.5 милијарда евра

ПСЖ ќе игра полуфинале во ЛШ после 25 години и откако потроши 1.5 милијарда евра

Францускиот гигант Пари Сен Жермен е првиот полуфиналист во Лигата на шампионите која оваа сезона се игра во еден поинаков формат.

За ПСЖ ова е прво полуфинале после 1995 година, тогаш клубот прв и последен пат со Жорж Веа како напаѓач во тимот успеа да се избори за место помеѓу најдобрите четири екипи во елитата. Две ипол децении во Париз сонуваа за нешто вакво, а успеаа дури откако клубот потроши една ипол милијарда евра.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


ПСЖ стана гигант на трансфер на пазарот кога во 2011 година Катарците влегоа во клубот. На чело на ПСЖ седна Насер Ал Келаифи кој не штедеше да изгради тим за највисоки дострели. Најголем бум на трансфер пазарот направија во 2017 година кога потрошија 400 милиони евра доведувајќи ги Нејмар од Барселона за 222 милиони евра и Мбапе од Монако за 185 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…