Дома Фудбал Италија ПСЖ тргнува по Лукас Пакета!?

ПСЖ тргнува по Лукас Пакета!?

paqueta

Играчот на Милан, Лукас Пакета се најде на мета на ПСЖ.

Леонардо ова лето од Милан премина во ПСЖ и повторно е спортски директор на францускиот првак, а како едно од засилувањата за новата сезона го гледа Бразилецот, кој токму тој го откри.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пакета во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за Росонерите покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч.

Сега, Кориере дело Спорт тврди дека Лео ќе го искористи добриот однос со играчот и финансиските проблеми во Милан за да го донесе Пакета во Париз.

Бразилскиот репрезентативец во Париз ќе пристигне како замена за Адриен Рабио, кој како слободен играч ќе се пресели во Јувентус.

Не е познато колку ПСЖ ќе понуди за Пакета, но сосема сигурно ќе биде повеќе од 35 милиони евра, колку што Милан претходно му плати на Фламенго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…