Дома Трансфер зона ПСЖ тргнува по Карим Бензема

ПСЖ тргнува по Карим Бензема

Пари Сент Жермен е во потрага по напаѓач, а на врвот на листата желби се наоѓа Карим Бензема.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според „Мундо Депортиво“, францускиот клуб во напаѓачот гледа замена за Единсон Кавани, кој треба да замине на крајот на сезоната.

Сепак, парискиот клуб ќе биде тешко да ја постигне својата цел, бидејќи тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета на Французинот за следната сезона.

Меѓутоа, доколку шпанскиот клуб навистина сака да ги потпише Ерлинг Халанд или Хари Кејн, парите од продажба на Бензема можат да му помогнат во таа намера.

Триесет и двегодишниот, Карим Бензема оваа сезона има одиграно 36 натпревари за Реал Мадрид и постигна 19 гола со девет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…