Дома Топ вести ПСЖ спреми 50 милиони за дефанзивецот на Милан

ПСЖ спреми 50 милиони за дефанзивецот на Милан

ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу, пренесуваат француските медиуми.

Спортскиот директор Кампос потврди дека клубот работи на доведување на нов дефанзивец, а прво име во списокот на „светците“ е Пјер Калулу од Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


21-годишниот Французин буквално „експлодира“ минатата сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци.

ПСЖ сака да го доведе во јануари и веќе спремил понуда од 50 милиони евра, но тешко дека ќе може да го убеди Милан да го пушти Калулу кој е еден од најважните играчи во тимот.

Французинот минатиот месец стави потпис на нов договор со „росонерите“ до 2027 година, а Милан е спремен да ја одбие понудата од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …