Дома Трансфер зона ПСЖ се обидел во тајност да донесе двајца играчи на Рома!?

ПСЖ се обидел во тајност да донесе двајца играчи на Рома!?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен во јануарскиот преоден рок се обидел во „тајност“ да донесе двајца фудбалери на Рома.

Имено, додека траеше сагата околу трансферот на Един Џеко францускиот клуб влегол во напреднати преговори за трансфер на Патрик Шик и голманот Алисон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бразилскиот голман оваа сезона е еден од најважните фактори во тимот, а неговите одлични одбрани не поминаа незабележано од најголемите европски клубови.

ПСЖ се обидел да го донесе Алисон во пакет со младиот напаѓач Патрик Шик, кој тебаше да биде резерва за Едисон Кавани.

Меѓутоа, „волчицата“ не ја прифатила понудата од 70 милиони евра бидејќи не знаеше како ќе заврши сагата околу трансферот на Един Џеко, па не сакале да останат без двајца напаѓачи.

Француските медиуми се сигурни дека следното лето „светците“ повторно ќе се обидат да го ангажираат голманот Алисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…