Дома Трансфер зона ПСЖ продолжува по „рецептот“ на Баерн – Ослаби и владеј!

ПСЖ продолжува по „рецептот“ на Баерн – Ослаби и владеј!

seri

Според француските медиуми „светците“ ќе продолжат со ослабувањето на ривалите во домашното првенство.

Летото 2015 година од Монако ПСЖ го доведе Левин Куразава, година подоцна Бен Арфа откако му истече договорот со Ница, минатото лето пристигна Килијан Мбапе, а во следен во оваа низа би можел да биде фудбалерот на Ница Жан Мишел Сери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Le Parisien“ во денешното издание пишува дека на „Паркот на принцовите“ донеле одлука да тргнат по „Црниот Чави“.

Причината за желбата на ПСЖ да го доведе Сери е тоа што Тиаго Мота е на крајот од својата кариера и што во Париз се откажаа од намерата да го доведат ветеранот Ласана Диара.

Сери минатото лето беше блиску до преселба во Барселона, но до договор помеѓу клубовите не дојде, а според информациите Каталонците нема да им бидат конкурент на „светците“ за доведување на овој фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…