Дома Топ вести ПСЖ не попушта, Реал се повлече од преговорите за Мбапе

ПСЖ не попушта, Реал се повлече од преговорите за Мбапе

Шпанските и француските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се повлекол од преговорите за Килијан Мбапе.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Попладнево се појавија нови информација дека „кралевите“ понудиле 200 милиони евра, односно 170 милиони веднаш и 30 милиони преку бонуси.

Се шпекулира дека ПСЖ не попушта во преговорите само затоа што не успеал да пронајде замена за Мбапе, а една од желбите бил Винисиус Жуниор, кој требало да биде вклучен во трансфер, но Реал ја одбил таа опција.

Последните информации се дека Реал Мадрид го известил францускиот клуб дека се повлекува од преговорите за трансфер на Мбапе.

Се чини дека Мбапе ова лето ќе остане во ПСЖ, па Реал ќе се обиде да го доведе на крајот на сезоната без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…