ПСЖ и Интер би можеле да направат голема трампа во зимскиот преоден рок, пренсуваат италијанските медиуми.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, „светците“ се силно заинтересирани за Марсело Брозовиќ, на кого договорот со Интер му истекува на крајот на сезоната.




Двете страни преговараат за продолжување на соработката, но се уште не можат да најдат заеднички јазик, па ПСЖ сака да ја искористи ситуацијата.




Имено, Леонардо на Интер му нуди трампа и за да го добие потписот на Брозовиќ во јануари е спремен во Милано да го испрати Вајналдум.




Холанѓанецот не е задоволен во Париз и сака да ја промени средината, а Интер и во летниот преоден рок покажуваше интерес за него.




Единствен проблем за реализација на оваа трампа може да биде високата плата на Холанѓанецот, кој ќе треба да прифати намалување за да се пресели на „Џузепе Меаца“.