Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, ПСЖ сака да го „опустоши“ Лацио.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поразот во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите би можел да означи почеток на една револуција во Париз. Дури и ако „светците“ поминат во следната фаза Тухел ќе биде под притисок, најмногу од страна на спортскиот директор Леонардо кој од почеток не е некој фан на неговата игра.
Реномираниот „Л’Eкип“ објави фотографија спортскиот директор на ПСЖ после неуспехот во Дортмунд на која е со телефон раката и веднаш направи алузија дека Леонардо контактирал во Рим. Наводно, тој бил импресиониран од резултатите на Лацио оваа сезона и фудбалот кој го форсира Симоне Изнаги.
Наводно спортскиот директор на ПСЖ сака во пакет од Рим да ги доведе Сергеј Милинковиќ Савиќ и Адам Марушиќ. Интересот за Савиќ од ПСЖ не е некоја новост. Меѓутоа сега Французите дознаваат дека и Марушиќ е мета. Тие додаваат дека луѓе од Париз предводени од Леонардо го гледале Марушиќ во дребито кое Лацио неодамна го играше против Јувентус. Во тој натпревар Марушиќ одигра одлично, а Лацио оствари победа.
Марушиќ има договор со Лацио до 2022 година и неговата вредност на пазарот се движи околу 15 милиони евра. Од друга страна проценката е дека Лацио за Савиќ ќе бара 100 милиони евра, плус бонуси.