Дома Трансфер зона ПСЖ има пеколен план: Место Мбапе сака четири ѕвезди на европскиот фудбал!?

ПСЖ има пеколен план: Место Мбапе сака четири ѕвезди на европскиот фудбал!?

Килијан Мбапе како што стојат работите ги игра последните натпревари во дресот на Пари Сен Жермен. Најпознатите медиуми и новинари во текот на вчерашниот ден објавија дека ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната.

Од Париз сега пристигнуваат и информации како ПСЖ го планира „животот без Мбапе“. Со заминувањето на францускиот голгетер во ПСЖ би ослободил буџет од околу 200 милиони евра кои клубот ги издвојува секоја сезона за напаѓачот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сосема јасно е дека тие пари сега можат да бидати скористени за да се доведат неколку други одлични фудбалери.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ веќе ги контактирал: Салах, Бернардо Силва, Осимен и Рафаел Леао.

Тешко е да се верува дека францускиот гигант може да ги доведе сите четворица, но и со двајца од наведените сигурно повторно би имале екипа од која многу ќе се очекува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…