На отварањето од 24.коло од Лига 1 Монако и Пари Сен Жермен одиграа 0:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со оглед на тоа што на теренот немаше возбудувања, главната приказна на натпреварот беше фактот што тренерот на ПСЖ, Луис Енрике на полувремето го замени Килијан Мбапе. Парижаните така во вториот дел одиграа без својата најголема ѕвезда која го напушта клубот.
Пари Сен Жермен и натаму убедливо води на табелата во францускиот шампионат, со 12 бода повеќе од второпласираниот Брест.
Монако е на третото место со 42 бода, односно бод помалку од Брест и два бода повеќе од Ница.