Дома Фудбал Останато ПСЖ и ФФП: Двете продажби не се доволни – „маркетот“ работи до викендот!

ПСЖ и ФФП: Двете продажби не се доволни – „маркетот“ работи до викендот!

Уште четири дена, две продажби Пасторе и Одсон Едуард, но им недостасуваат 25 милиони евра во спротивно УЕФА ќе стапи на сцена. Останатите клубови тоа го знаат, а во ПСЖ ќе мораат нешто брзо да смислат.

Пари Сен Жермен е во трка со времето. Продажбите на Пасторе во Рома и Одсон Едуардо во Селтик не се доволни, тоа се 35 милиони евра, потребни се уште 25 до 1 јули со цел да останат во границите на ФФП и да избегнат казна од УЕФА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Останатите клубови тоа добро го знаат и сега никој не сака да ја плати реалната цена.

Валенсија одби да го откупи Гуедеш за 50 милиони евра, ПСЖ се надеваше на понуда од Реал, но истата не ја добија.

Време имаат се помалку, директорот, Антеро Енрике разговараше со Јувентус околу Рабио, но договор не беше постигнат, „старата дама“ го доведе Емре Џан и не им се брза, го одбија и Ди Марија.

Ќе видиме што ќе се случи, а ситуацијата во овој момент е навистина интересна. Билбао го сака Берчиче, но тука има проблем што тој не вреди 25 милиони евра.

Од останатите, едноставно немаат кого да продадат за таа сума или се прескапи или му се потребни на Тухел.

Во случај да не пронајдат решение се активира казната, прво финансиска, а потоа и забрана за регистрирање на повеќе од 20 играчи и евентуално забрана за регистрирање на нови играчи во Европа што би било голем проблем за ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве каде може да го гледате бараж натпреварот за Светско првенство на Македонија и Фарски Острови

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва (20 часот) во Торшавн го игра првио…