Дома Трансфер зона ПСЖ започна преговори со ѕвездата на Јунајтед

ПСЖ започна преговори со ѕвездата на Јунајтед

Раководството на Пари Сент Жермен му предложи 4-годишен договор на играчот за врска на Манчестер Јунајтд, Маруан Фелаини, пренесуваат англиските медиуми.

„Манчестер Ивнинг Њуз“ открива дека ПСЖ имал тајни преговори со белгискиот репрезентативец на кого договорот со Јунајтед му истекува на крајот на сезоната. Во моментов нема индикации дека Фелаини ќе потпише нов договор со „црвените ѓаволи“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фелаини наводно ја одбил првата понуда од Јунајтед бидејќи бил незадоволен од предлогот да заработува 120.000 фунти неделно.

Според весникот Фелаини се уште ги немаат договорено сите детали околу договорот, но тоа ќе се случи за многу брзо време. Голема е веројатноста по завршувањето на сезоната Белгиецот како слободен играч да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…