Дома Трансфер зона ПСЖ голман барал и во Торино, но одговорот нема да им се допадне!

ПСЖ голман барал и во Торино, но одговорот нема да им се допадне!

Јувентус не ги менува плановите, клубот е јасен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пари Сен Жермен имаше идеја, иако се споменуваа неколку голмани, цената за Алисон е огромна, Куртоа има договор со Челзи, но и сака во Мадрид, Облак е недопирлив.

Останува Донарума, но од Париз се обиделе и со Војчех Шчесни од Јувентус.

Имено, ПСЖ покажал интерес за полскиот голман кој во овој момент е резерва на Буфон, но од Јувентус во Шчесни гледаат идеален наследник по заминувањето на легендарниот Буфон.

Ова беше потврдено и со негативниот одговор кој го добил клубот од Париз. Се шпекулираше дека Јувентус би можел да се откаже од Шчесни и да тргне по Донарума, но од тоа нема ништо „старата дама“ не е заинтересирана за голманот на Милан.

„Шчесни веќе е еден од најдобрите голмани во светот, тој е решение за во иднина и тука нема никакви проблеми“, изјави директорот на Јувентус, Бепе Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…