Дома Фудбал Останато Промени во ПСЖ, заминуваат Леонардо и Покетино

Промени во ПСЖ, заминуваат Леонардо и Покетино

После објавувањето на новиот договор на Килијан Мбапе се очекуваат многу промени во клубот кој ќе започнат веќе од утре.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француските медиуми пренесуваат дека во понеделник ќе бидат објавени отказите на Маурисио Покетино и спортскиот директор Леонардо.

„Леонардо ќе биде прв кој ќе го напушти ПСЖ и веќе се бара негова замена, а следен е Покетино“, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Мбапе добил ветување од раководството на клубот дека ќе решава за важни прашања на клубот, па така ќе има главна улога и при ангажирање на фудбалери, но и тренер.

Најголема желба на раководството, но и на Мбапе е ангажман на Зинедин Зидан, а за нов спортски директор најверојатно ќе биде назначен Луис Кампос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо се изнервира по прашање за Меси и си замина (Видео)

Фудбалерите на репрезентацијата на Португалија вчера го совладаа Узбекистан со резултат 5:…