Дома Фудбал Продолжуваат проблемите во Барселона: Уште тројца нови заразени

Продолжуваат проблемите во Барселона: Уште тројца нови заразени

Ситуацијата во Барселона со коронавирусот е драматична и секојдневно се појавуваат нови случаи на Ковид.

Каталонскиот клуб објави дека уште тројца играчи се заразени со коронавирусот. Со ова бројката на заразени фудбалери се искачи на десет.

Абде, Дест и Кутињо денеска им се придружија на Дембеле, Гави, Умтити, Ленгле, Жорди Алба, Дани Алвес и Алехандро Балде.

Барселона, во недела на 2-ти јануари, ќе гостува во Мајорка, можно е овој натпревар да биде одложен, бидејќи Чави во моментов на располагање има само 10 фудбалери и тројца голмани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Босанскиот ѕид“ го освои Лидс: Би-би-си го вбројува меѓу хитовите на сезоната

Тарик Мухаремовиќ за три месеци ги претвори сомнежите во пофалби. Лидс има една од најцврс…