Дома Фудбал Италија Продолжува победничката серија на „Римската волчица“: Овојпат заслужни Ундер и Пероти (ВИДЕО)

Продолжува победничката серија на „Римската волчица“: Овојпат заслужни Ундер и Пероти (ВИДЕО)

Во првиот меч во рамки на 25. коло во Серија А, Рома на гостински терен славеше против Удинезе со 2:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Резултатот го отвори Ченгиз Ундер во 70. минута со проектил, а триумфот го потврди Пероти во 90. минута по груба грешка на домашните кои ја загубија топката на критичен дел на теренот.

Рома имаше повеќе од игра, создаде повеќе шанси и сосема заслужено освои три бода. Удинезе десеттина минути пред крајот имаше добра шанса за изедначување, но Алисон со скрати ударот на Де Пол.

За „Волчицата“ ова е трета победа во низа, па некое време ќе минат на третата позиција на табелата. Дали ќе останат тука зависи од исходот на мечот помеѓу Џенова и Интер, кој на програамата е вечерва.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова се можните противници на Вардар во квалификациите за ЛШ

Со завршувањето на сезоната во поголемиот дел од европските шампионати, познати се и сите …