Дома Останати Кошарка Продолжува австралиската бајка: Ја нокаутираа и Литванија!

Продолжува австралиската бајка: Ја нокаутираа и Литванија!

Продолжува бајката на австралиската кошарка, откако во четвртфиналето од ОИ ја декласираа фаворизираната Литванија со 90-64.

„Кенгурите“ уште еднаш потврдија дека се наоѓаат во извонредна форма и со супериорна игра во целост го декласираа литванскиот тим, кој е актуелен европски вицепрвак.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште по првиот период, Австралија изгради висока предност (26:17), која до одморот ја удвои на плус 18 поени (48:30), а по 30 минути игра имаа и максимална предност од 32 кошеви.

Играчот на Сан Антонио Пети Милс со 24 поени (5 тројки) ја предводеше Австралија. Бејнс уфрли 16, Делаведова 15, а Богут имаше учинок од по шест поени и асистенции и седум скокови.

Кај Литванија двоцифрен учинок имаа само Калниетис и Кавалиаускас, двајцата постигнаа по 12 поени.

Австралија во полуфиналето ќе игра против победникот од балканското дерби Србија-Хрватска кое се игра во три часот по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…