Дома Фудбал Германија Проблемите се минато: Марко Ројс е незадржлив од почетокот на сезоната!

Проблемите се минато: Марко Ројс е незадржлив од почетокот на сезоната!

Една од најголемите ѕвезди на Борусија Дортмунд, Марко Ројс игра фантастично од почетокот на оваа сезона.

Ројс синоќа во победата против Монако учествуваше со гол и асистенција во Лигата на шампиони.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Така крилниот напаѓач оваа сезона веќе има 12 гола зад своето име и тоа после одиграни девет натпревари.

Ројс одигра шест меча во Бундес лигата од почетокот на сезоната и во нив постигна 4 гола и запиша 4 асистенции. Во Лигата на шампиони има 1 гол и 1 асистенција на два натпревари, исто како и во Купот на Германија.

Изминатите сезони Германецот се мачеше со повреди, но очигледно проблемите се зад него и тој се наоѓа во фантастична форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …