Дома Фудбал Проблеми за Реал: Бејл и Јовиќ предвреме го напуштија тренингот

Проблеми за Реал: Бејл и Јовиќ предвреме го напуштија тренингот

Реал Мадрид се најде во проблеми пред натпреварот со Леванте, но и пред натпреварите во ЛШ против Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Герет Бејл и Лука Јовиќ предвреме го напуштиле тренингот на Реал и си заминале дома, а причината е стомачен вирус.

Зидан сега се плаши и друг играч да не заврши како Бејл или Јовиќ, па ги испратил дома за останатите играчи да бидат сигурни.

Освен стомачниот вирус, Зидан е загрижен и за Бензема, кој во последните осум натпревари во лигата постигна само еден погодок.

Како шлаг на тортата, денеска се појави информација дека Рамос откако ќе му истече договорот ќе го напушти Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд се врати во Манчестер Јунајтед речиси две години по неговиот последен натпр…