Дома Фудбал Германија Проблеми за Баерн: УЕФА го истражува дресот на Горецка!

Проблеми за Баерн: УЕФА го истражува дресот на Горецка!

Баерн Минхен минатата недела беше елиминиран во осминафиналето во Лигата на шампиони од Ливерпул, откако на својот стадион загуби со 3:1.

Овој меч, или подобро кажано еден детал од овој меч би можел да му донесе додатни проблеми на Баерн Минхен и тоа како евентуална казна од УЕФА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Ковач се одлучи во 72-та минута во игра да го стави Леон Горецка на местото на Хави Мартинез, а германскиот играч на терен истрча со „погрешен“ дрес.

Имено, Горетска на терен влезе носејќи на себе дрес од Баерн од Бундеслигата, што би можело да му донесе казна на неговиот клуб.

На УЕФА не и смета логото на Бундеслигата на дресот, но проблем се спонзорите на дресот на Горецка. Според правилата на УЕФА на дресот за европските натпреварувања може да се наоѓа само аблем на еден спонзор, додека на дресот на Баерн од Бундеслигата има два спонзори.

Па така Горецка дваесетина минути на мечот со Ливерпул ги одигра со дрес на кој освен логото на „Т-мобиле“ го имаше и логото на „Катар Ервејс“.

УЕФА денес и официјално покрена истрага за овој случај, а конечната одлука ќе биде донесена на 16-ти мај, кога ќе се знае колкава ќе биде казната за Баварците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…