Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Проблеми за Англија: Се повреди една од првите ѕвезди

Проблеми за Англија: Се повреди една од првите ѕвезди

Една од првите ѕвезди на англиската репрезентација, Деле Али се повреди на натпреварот против Тунис.

Али излезе од игра во второто полувреме против Тунис откако почуствува болка, а го замени Лофтус-Чек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Али го пропуштил утринскиот тренинг поради таа повреда и веројатно нема да игра против Панама во неделата.

Ова секако би можело да биде проблем за репрезентацијата на Англија со оглед на тоа дека Али е важен фудбалер во тимот на Саутгејт.

Да потсетиме, Англија го доби првиот натпревар против Тунис со двата погодоци на Хари Кејн, а во случај на победа против Панама би можеле да го обезбедат осминафиналето на коло пред крајот од групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…