Дома Фудбал Италија Проблеми во Серија А – Невреме одложи еден натпревар, под знак прашалник уште четири

Проблеми во Серија А – Невреме одложи еден натпревар, под знак прашалник уште четири

Натпреварот помеѓу Сампдорија и Рома кој требаше да се одигра вечерва во рамките од Серија А е одложен поради најавеното големо невреме, а под знак прашалник се уште четири натпревари.

Како што споменавме поради најавите за невреме и вклучениот црвен метео-аларм во Џенова, градоначалникот на овој град одлучи натпреварот помеѓу Сампдорија и Рома да биде одложен, па денес на програмата е само натпреварот помеѓу Јуве и Киево од 18:00 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, утре се очекува невреме во целиот дел на северна Италија, се најавуваат огромно проблеми и временски непогоди, па најверојатно ќе бидат одложени уште четири натпревари.

Проблеми се очекуваат во Бергамо, Верона, Рим и Удине, па натпреварите Аталанта – Сасуоло, Верона – Фиорентина, Лацио – Милан и Удинезе – Џенова се ставени под голем знак прашалник.

Конечната одлука ќе биде донесена утре натуро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао по свирежите од навивачите на Милан се огласи со порака на социјалните мрежи

Рафаел Леао во вчерашниот натпревар на Милан против Џенова доби свирежи од трибините од де…