Дома Фудбал Италија Проблем за Пиоли: Се повреди еден од најважните фудбалери на Милан

Проблем за Пиоли: Се повреди еден од најважните фудбалери на Милан

Фудбалерите на Милан во саботата ја победија Верона со минимални 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Рафаел Леао.

Но, по натпреварот Пиоли доби и лоша вест. Имено, Раде Круниќ кој е еден од најстандардните под негово водство заработи повреда на мускулите и ќе биде отсутен одреден период. Според најавите, Круниќ ќе паузира околу еден месеци, а проблем и што отсутен е Исмаел Бенасер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Круниќ летово можеше и да замине од Милан бидејќи имаше такви најави, но Пиоли успеа да го задржи и од стартот на сезоната прикажуваше добри настапи.

Во отсуство на Круниќ и Бенасер повеќе шанса би требало да добие Јачин Алдин или Тијани Рејиндерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на Тотенхем: 99% од фановите сакаат да загубиме од Сити

Тренерот на Тотенхем, Постекоглу, не може да поверува дека 99 проценти од фановите на него…