Дома Трансфер зона Проблем за Наполи: Еден од најдобрите може да замине за „смешна“ сума

Проблем за Наполи: Еден од најдобрите може да замине за „смешна“ сума

Раководството на Наполи се обидува да го продолжи договорот со Дрис Мертенс, но преговорите помеѓу двете страни се одвиваат исклучително тешко, пренесуваат италијанските медиуми.

Во последните две сезони Белгиецот беше прекомандуван како централен напаѓач и буквално „експлодира“. Оваа сезона веќе има постигнато 20 гола, но проблем за Наполи е неговата мала клаузула во договорот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Мертенес во договорот со Наполи има откупна клаузула од само 28 милиони евра, што е премалку за играч од негов калибар, и може да биде активирана единствено за тимови надвор од Италија.

Наполи сака што е можно побрзо да го обнови договорот со Мертенс во кој ќе биде ревидирана откупната клаузула, но преговорите не одат лесно.

Имено, Наполи сака да го продолжи договорот со играчот до 2022 година, притоа да останат истите финансиски услови, додека Мертенс бара зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал ја сака младата ѕвезда на Баерн Минхен

Реал Мадрид е блиску до комплетирање на трасферите на Килијан Мбапе, а сега Флорентино Пер…