Лоши вести за Јирген Клоп и Ливерпул…
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон сепак ќе мора да оди на подолга пауза отколку што на почетокот се најавуваше.
Хендерсон заработи повреда на задната ложа во натпреварот против Арсенал, а денес пристигна информација дека ќе мора да го пропушти цел јануари.
Според ова, Ливерпул без услугите на Хендерсон ќе ги игра натпреварите против Барнли, Манчестер Сити, Свонси и Хендерсон.
Враќањето на Хендерсон се очекува во дербито со Тотенхем на четврти февруари. Освен Хендерсон, Ливерпул ќе остане и без услугите на Морено кој ќе пропушти најмалку уште три натпревари.