Дома Трансфер зона Проблем за Барселона: Челзи ќе го има последниот збор за Азпиликуета

Проблем за Барселона: Челзи ќе го има последниот збор за Азпиликуета

Во претходните денови се најавуваше дека Цезар Азпиликуета е блиску до трансфер во Барселона наредното лето како слободен играч, но изгледа дека работата за Каталонците нема да биде баш така лесна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Преговорите помеѓу Азпиликуета и Барселона наводно биле во завршна фаза и фудбалерот бил воодушевен што ќе има прилика да игра за еден од најголемите клубови во неговата земја.

Меѓутоа сега се појавил проблем за Барселона. Во актуелниот договор на Азпиликуета стоела клазула според која Челзи има опција ако сака да го продолжи договорот на дефанзивецот и тоа без тој да треба да се согласи. Така Челзи може да го продолжи договорот на Шпанецот за две години.

Засега најавите дека Азпиликуета не се согласува со ваквата опција, па ќе видиме како ситуацијата ќе се развива. Треба да се спомене дека на крајот од сезоната во Челзи истекуваат и договорите на Рудигер и Кристенсен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…