Дома Фудбал Проблем за Барса: Левандовски направил гест поради кој му се заканува поголема суспензија

Проблем за Барса: Левандовски направил гест поради кој му се заканува поголема суспензија

Roберт Левандовски вчера заработи исклучување против Осасуна, натпревар во кој Барселона на крајот сепак успеа да слави.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа дополнителен проблем за Барселона е суспензијата која би можел да ја заработи напаѓачот поради гестот при излегувањето од теренот. Полскиот напаѓач додека излегуваше од теренот со прстот покажа кон својот нос.

Прво гестот не беше познат за пошироката јавност, но потоа беше „дешифриран“.

„Левандовски направи гест со кој не ја одобри судиската одлука. Левандовски покажа со прстот кон носот и потоа го повтори истиот гест кон помошник судијата и четвртиот судија“, објаснил судијата Манзано во записникот.

Ваквиот гест на Левандовски се користел за да се алудира на голема ароганција на одредена личност. Првите претпоставки се дека Левандовски може да добие суспензија од три натпревари, место еден кој вообичаен за исклучување со два жолти картони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…