Дома Фудбал Проблем за Барселона: Алба ја обнови повредата

Проблем за Барселона: Алба ја обнови повредата

Валверде се надева дека не е во прашање долга пауза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерите на Барселона врзаа два неуспеха во краток временски период.

Во текот на викендот изгубија од Леванте, додека вчера пропуштија прилика со победа над Славија да го обезбедат пласманот во наредната рунда. Бонус на тоа е новата повреда на Жорди Алба.

Левиот бек остана во соблекувалната после крајот на првото полувреме, подоцна стигна потврда дека на Шпанецот му била обновена повредата на левиот бутен мускул. Поради истата повреда Алба претходно беше надвор од терените три недели. Во Барселона се надеваат дека ќе го имаат на располагање после интернационалната пауза.

Алба така сигурно дефинитивно ќе го пропушти натпрварот со Селта, а потоа и репрезентативните натпревари со селекцијата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ откри за кој фудбалер би платил и најскапа карта да го гледа на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ го истакна Ламин Јамал, како играч кој со нетрпение сака да го гледа на…