Дома Фудбал Проблем за Барса – Каталонците ослабени во финалето

Проблем за Барса – Каталонците ослабени во финалето

Нов удар за Барселона.

Универзалецот на Барселона, Серхио Роберто, ќе го пропушти финалето на кралскиот куп во кое неговиот тим ќе игра против Алавес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот на својот официјален портал потврди дека Роберто заработил полесна повреда поради која нема да биде во можност да настапи на последниот натпревар во сезоната.

„Денешните тестови потврдија дека Роберто заработи повреда на препоната на левата нога поради која ќе мора да биде надвор од терените десетина дена“, потврди каталонскиот клуб.

Каталонските медиуми веднаш објавија дека на местото на Роберто ќе настапи Андре Гомеш, кој влезе како замена за Роберто на стартот на вториот дел во натпреварот против Еибар.

Покрај Роберто, надвор од тимот и понатаму се Маскерано, Матје, Видал и Рафиња. Финалето на купот се игра во сабота со почеток од 21:30 на стадионот „Висенте Калдерон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …