Дома Топ вести Проблем за Барса: Дембеле одбива да стави потпис

Проблем за Барса: Дембеле одбива да стави потпис

Барселона се наоѓа во голем проблем, бидејќи може да го загуби Осман Дембеле без обештетување.

Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми Дембеле одбил да го продолжи договорот, а во Барселона претпоставуваат дека ќе го почека истекот на договорот за да си замине како слободен играч.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30. јуни 2022 година, но тој наводно ги одбил сите можности за продолжување на соработката.

Се уште има доволно време да се променат работите и во Барселона веројатно ќе се обидат да го направат тоа, во спротивно ќе го стават на продажба на крајот на сезоната.

Дембеле на лето ќе влезе во последната година од договорот и неговата цена драстично ќе се намали, а интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

УЕФА потврди: Италија е во игра за девет екипи во европските натпреварувања!

Правилата на УЕФА се јасни, но за сите љубители на фудбалот беше големо прашање дали Итали…