Дома Фудбал Проблем за Анчелоти и Реал: „Кралевите“ останаа без Модриќ во клучен дел од сезоната

Проблем за Анчелоти и Реал: „Кралевите“ останаа без Модриќ во клучен дел од сезоната

Рела Мадрид влегува во самата завршница на сезоната и борбата за трофеи, а во неа ќе бидат без Лука Модриќ.

Денес од Мадрид пристигна информација дека Модриќ доживеал повреда на задната ложа во натпреварот против Жирона и дека го чека пауза од две недели.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Модриќ ќе ги пропушти лигашките натпревари против Алмерија и Реал Сосиедад кои се помалку важни, затоа што Барселона веќе е предалеку, но и финалето на Купот на кралот на 6-ти мај и првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити три дена подоцна.

Ова е голе мудар за Карло Анчелоти затоа што Модриќ беше клучен во досегашните големи натпревари кои како да обожава да ги игра.

За ситуацијата да биде полоша Реал против Манчестер Сити ќе биде и без суспендираниот Едер Милитао. Модриќ би требало да биде спремен за реваншот со Манчестер Сити на 16-ти мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…