Дома Трансфер зона Претседателот на Лион сака да ја продаде најголемата ѕвезда во Јувентус

Претседателот на Лион сака да ја продаде најголемата ѕвезда во Јувентус

Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола сака да ја продаде ѕвездата на својот тим, Танги Ндомбеле во Јувентус.

Ндомбеле игра феноменално во дресот на Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти кои сакаат да го видат во своите редови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Вистина е дека Јувентус го сака Ндомбеле. Интерес за него има и од ПСЖ, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед. Мојата желба е да го видам Ндомбеле во Јувентус да игра заедно со Пјаниќ, кој исто така беше во Лион и со кого имам специјален однос“, истакна Ола.

„Ќе видиме што ќе се случи. Не сакам да зборувам за пари. Финансиските параметри се приоритет кога зборуваме за продавање на фудбалери, но ако сите понуди се исти ќе му го продадам на Ањели“, додаде претседателот на Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…