Дома Топ вести Пресудна недела: Барса во следните 7 дена мора да заврши три ОГРОМНИ трансфери

Пресудна недела: Барса во следните 7 дена мора да заврши три ОГРОМНИ трансфери

Она што се знае е дека еден Бразилец ќе биде претставен во четврток, но ова навистина е пресудната недела за Барса.

По поразот од Реал, јасно е, Барселона тешко дека ќе може да му се спротистави на најголемиот ривал без Нејмар. „Сега е јасно, потребни ни се засилувања“, изјави Серхио Бускетс, додека тренерот Валверде дипломатски изјави дека Каталонците мораат да состават „најдобар можен“ состав.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Што значи тоа? Директорот Роберт Фернандез нема што да чека, веќе оваа недела мора да заврши две најголеми работи. Прв е Филипе Кутињо и како што стојат работите сега, Барселона ќе го жртвува Андре Гомеш за да го договори Бразилецот.

Во четврток пристигнува и Паулињо од Кина, за да додаде дополнителна сила во средниот ред, а најкомплицирана е ситуацијата околку Осман Дембеле. Клубот го суспендираше, тој не сака да игра за Дортмунд, се договори со Барса и цврст е во одлуката.

Како што се пишува, Борусија е подготвена да преговара, но одби 100 милиони евра колку што нудат Каталонците. Причината е четвртината која треба да му ја дадат на Рен, па денешните каталонски медиуми пишуваат дека Барса ќе ја покачи понудата за 25 милиони, а Германците се согласиле.

Валверде не се брза, сезоната е зад аголот, јасно, и поголем дел од парите што се добиени за Нејмар ќе бидат искористени за засилувања, а вчера се виде разликата во класа во корист на Реал Мадрид.

Каталонците тоа не треба да го допуштат и никој не се сомнева дека ќе потрошат големи пари во преостанатите две недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…